Apple развива персонални роботи за домаќинства

Apple сè уште е во потрага по револуционерен производ кој ќе му помогне да остане доминантен на пазарот и да послужи како нов извор на приходи, откако компанијата се откажа од плановите за развој на сопствено електрично возило.

Новинарот на Bloomberg, Марк Гурман, тврди дека Apple истражува персонална роботика. Компанијата наводно работела на роботи и електрични автомобили во исто време, надевајќи се дека ќе развие машина за која не е потребна човечка интервенција.

И додека проектите на Apple за роботи се уште сѐ во рана фаза, Bloomberg известува дека гигантот од Купертино веќе работи на мобилен робот кој може да следи корисник низ нивниот дом и веќе има развиено десктоп уред кој користи робот за движење на екранот. Идејата е да се има машина која може да имитира движења на главата и да се фокусира на едно лице во групата, веројатно за подобро искуство со видео повици.

Бидејќи овие роботи треба да се движат сами, Apple размислува да користи алгоритми за навигација. Според извештајот, тимот за домашни уреди на Apple е задолжен за нивниот развој, а најмалку еден инженер, кој работел на сега веќе непостоечкиот проект за развој на електрични возила, се приклучил.

Сепак, роботите не се како мобилните телефони во смисла дека на луѓето им се потребни во нивните животи денес. Apple е загрижен дали луѓето ќе сакаат да издвојат многу пари за роботи, а официјалните лица сè уште не можат да постигнат договор за тоа дали компанијата треба да продолжи да работи на овие проекти. Груман претходно изјави дека Apple има намера да го продаде својот електричен автомобил за 100.000 долари и со ова може да се заклучи дека имал голем потенцијал во однос на растот на приходите на компанијата.

Но, Apple Car веќе не е релевантен, а компанијата се фокусира на Vision Pro и други производи наменети за дома, кои вклучуваат уред за домашен центар со екран сличен на оној на iPad.

Се разбира, Apple би можел да се откаже од овие проекти во секое време и би можел да продолжи кон развој на други класи на производи доколку открие дека таквите во иднина можат да донесат повеќе пари.

Тагови
реклама

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Read more

Свинско со зеленчук во фолија: Месото ќе се распадне под вилушката

Read more

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Read more

Вести

Virgin Galactic го одложува првиот комерцијален лет на своето ново вселенско летало за 2027 година

Read more

Кинезите држат 97% од глобалната понуда на хуманоидни роботи

Read more

ChatGPT конечно доаѓа на Linux: За што има достапна поддршка?

Read more

Колку се блиску хуманоидните роботи во имитирање на работата на луѓето?

Read more

Гик

Virgin Galactic го одложува првиот комерцијален лет на своето ново вселенско летало за 2027 година

Читај повеќе

Кинезите држат 97% од глобалната понуда на хуманоидни роботи

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT конечно доаѓа на Linux: За што има достапна поддршка?

Читај повеќе

Новите телефони стануваат поскапи: Која е поевтината алтернатива?

Читај повеќе

Claude става водени жигови на текстовите генерирани од AI

Читај повеќе

Научници одгледуваат минијатурни човечки органи: Tестирањето лекови врз животни е минато?

Читај повеќе

Колку се блиску хуманоидните роботи во имитирање на работата на луѓето?

Читај повеќе

Купувате нов компјутер? Microsoft направи потег што драстично ги зголемува цените

Читај повеќе

6 најдобри бесплатни игри за на телефон

Читај повеќе