Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми до крајот на денот треба да се врати во загрепски Динамо. Тој би дошол на „Максимир“ како позајмен играч од Бејѕин Гуан, а како засилување за тимот за групите од Европа конференциската лига.
„Се надеваме дека ќе завршиме со Адеми“, изјавија од Динамо за хрватските медиуми.
Новиот тренер Сергеј Јачировиќ го посакува Аријан Адеми во тимот како засилување за Динамо за групната фаза од Европа конференциската лига на УЕФА.
Адеми треба да се појави и на подготовките на националниот тим на Македонија во пресрет на натпреварите со Италија и со Малта.