Археолози најдоа кокошкино јајце старо 1.000 години во септичка јама

Израелски археолози за време на ископувања во градот Јавне најдоа недопрено кокошкино јајце старо околу 1.000 години, кое се смета за едно од најстарите во светот, објави Израелскиот орган за антиквитети (IAA).

„Ова е многу ретко откритие во Израел и во светот. Наоѓањето фрагменти од лушпи од јајца е секогаш интересно откритие кога работиме на ископувања, но тоа е релативно вообичаено, но наоѓањето на цело јајце е навистина уникатен феномен“, рече д-р Ли Пери од IAA, пишува Jerusalem Post.

Јајцето е пронајдено во област што датира од византискиот период (од 4 до 7 век н.е.).

URL

„Со оглед на тоа дека напукнало, голем дел од внатрешната содржина истекла, но зачуван е дел од жолчката, што ќе ни овозможи понатаму да истражуваме“, рече Гал.

Таа рече дека заедно со колегите археолози откриле септичка јама од исламскиот период како дел од локалитетот и биле изненадени кога таму забележале необичен предмет.

„Одличното зачувување на јајцето веројатно се должи на условите во кои лежело со векови, заштитено во септичка јама со мек човечки отпад. Тоа всушност го зачувало толку добро“, рече управителот на локалитетот, археологот Ала Нагорски.

„Дури и денес, јајцата ретко траат долго во картонска амбалажа во супермаркетите. Неверојатно е кога ќе се помисли дека ова откритие е старо 1.000 години!“

„Кокошките биле припитомени во областа на Југоисточна Азија релативно неодамна, пред околу 6.000 години, но им требаше долго време да станат дел од исхраната на луѓето. Тие ги користеа за други цели, на пример за борби со петли. Бидејќи важеле за привлечни животни, биле изложувани во древните зоолошки градини и им ги давале како подароци на кралевите“, вели Гал.

Јајцето пронајдено во градот Јавне уште повеќе се распука и се скрши откако беше отстрането од местото каде што беше откриено, но наскоро беше вратено во првобитната состојба во лабораторијата за администрација за антиквитети.

Уникатното јајце беше откриено од археолозите како дел од проектот за изградба на нов градски кварт, а во согласност со израелскиот закон, ископувањата треба да бидат заштитени пред да започнат какви било градежни работи.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе