Арсовска: Кривична против Цементарница УСЈЕ поради загадување на воздухот

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната прес-конференција изјави дека во изминатиот период се спроведени мерења на амбиенталниот воздух во фабриката Цементарница ТИТАН УСЈЕ и дека се утврдени големи концентрации на штетни честички кои го загадуваат воздухот. Таа рече дека преземала иницијатива за да се покрена кривична постапка.

Таа наведе дека Град Скопје во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање спровел мерења на испустот на гасови од работењето на објект од тешка индустрија во општината Кисела Вода.

– Се работи за Цементарницата ТИТАН УСЈЕ од каде при извршените мерења на амбиенталниот воздух во фабриката се забележани големи концентрации на штетни честички кои значително допринесуваат кон нарушување на квалитетот на амбиенталниот воздух на целокупното подрачје на градот Скопје, додаде Арсовска.

Таа посочи дека мерењата се извршени во два наврата, и тоа на 26 и 27 декември минатата година и 3 и 4 јануари годинава.

– Во двата наврата измерени се огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честички кои го загадуваат и нарушуваат квалитетот на амбиенталниот воздух. Конкретно, во месец декември минатата година, измерени се трипати повеќе ПМ10 честички кои се испуштаат во атмосферата, а слични резултати добивме и при мерењето кое е извршено на почетокот на овој месец. Станува збор за испуштање на трипати поголеми количини од дозволените, на метар кубен секој час, потенцираше градоначалничката.

Таа нагласи дека инспектори на градот Скопје во здружена акција со државниот инспекторат при Министерството за животна средина извршиле увид на работниот процес во Цементарницата при што биле забележани сериозни прекршувања спротивни на издадената А интегрирана еколошка лиценца, која ја издава токму Министерството за животна средина.

– Имено, при последното мерење, констатирано е драстичнно пречекорување на испустот на штетни честички со што се нарушува квалитетот на амбиенталниот воздух. Дополнително, за загадувањето од котларата за загревање на цементарницата утврдено е дека има надминување на граничните вредности на азотни оксиди NOx при што резултатите од мерењата покажуваат повеќе од двојно поголеми вредности од дозволените 350 милиграми односно покажуваат 711,9 милиграми на метар кубен, истакна Арсовска.

Таа потенцираше дека поради тоа преземала иницијатива за покренување на кривична постапка против цементарницата ТИТАН УСЈЕ согласно член 218, член 230 и член 234 од Кривичниот законик, за непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина, со што се загадува воздух, почва, вода, во поголем обем и со што се предизвикува опасност за животот и здравјето на луѓето.

– Граѓаните на градот Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении нѐ трујат, обидувајќи се со „донации“ по општините, коруптивно однесување и најразличен вид на влијанија да се амнестираат од одговорноста за загадувањето на животната средина од кое илјадници граѓани страдаат од бројни заболувања, порача Арсовска.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе