Шпанскиот фудбалски стратег Микел Артета потпиша денеска нов договор со премиерлигашот Арсенал со важност до лето 2026 година.
„Возбуден сум, благодарен и среќен. Сакаме клубот да го однесеме на повисоко ниво и да се натпреваруваме со најдобрите екипи. За тоа да го оствариме мораме да играме во Лигата на шампиони, изјави Артета.
На четири кола до крајот на сезоната Арсенал е на четвртото место кое носи пласман во Лигата на шампиони, со два бода предност пред Тотенхем.
Артета е на клупата на Арсенал од зимата 2019 година и со „Топчиите“ освои еден трофеј, во ФА купот во сезоната 2019/20.