Асоцијацијата за цистична фиброза се оградува од Пехчевски, тој го прозива претседателот

Асоцијацијата за цистична фиброза се огради од ставот на Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, кој вчера објави дека директорката на Детската клиника, Стојка Фуштиќ му се заканила дека доколку продолжи да дава изјави за медиумите за него нема да има место во болницата.

„АЦФ којашто ги застапува интересите на сите пациенти без никаков исклучок како и досега ќе продолжи да дејствува за обезбедување современа терапија за сите пациенти со цистична фиброза.

Во врска со најновите случувања и изјава на пациентот Игор Пехчевски, член на АЦФ, Асоцијацијата се оградува од лично изнесениот став на пациентот поврзан со лечењето и третманот кон него.

Воедно, како Асоцијација на пациенти немавме и немаме забелешки за професионалниот пристап и третманот од страна на здравствените работници задолжени за оваа специфична здравствена состојба. Напротив, токму заради професионалниот пристап, голема е почитта кон сите нив меѓу кои и професорката Стојка Фустиќ, особено затоа што е достапна во секое време, без разлика дали станува збор за празник или нејзин слободен ден.

Сметаме дека личното незадоволство на нашиот член Игор, потенцијално може да оди на штета на сите пациенти и на она што Асоцијацијата до овој момент успеа да го постигне“, стои во нивното соопштение.

Пехчевски: Се смеам кога претседателот и неговиот заменик цимолат први да го добијат лекот

Пехчевски, кој е сместен на Универзитетската клиника за детски болести каде прима терапија за цистична фиброза со нов напис на социјалните мрежи и со нова порака за болните од цистична фиброза.

„Сострадувам и се борам за сите мои соборци болни од цистична фиброза, но се смеам кога потпретседателот и претседателот први ќе добијат од лекот, а пред да го добијат ќе цимолат и не можат да добијат ништо додека едно дете кое никој не го знае и познава не излезе со транспарент од болничкиот кревет ‘Трикафта за сите’“, пишува Пехчевски.

„Потоа, во името на Асоцијацијата за цистична фиброза каде сите треба да бидеме еднакви организираат средби, работни групи за да на крај го добијат лекот и без срам се оградуваат од БОРБАТА на еден свој СОБОРЕЦ, нарекувајки го Игор Пехчевски П.С. Фики Гаспар и Ивана Атанасоска, нели капетаните последни го напуштаат бродот, Вие први го сторивте тоа.

Нека ви служи на честа“, додава Пехчевски во напишаното.

Се обраќа и до Фуштиќ.

„Втор кикс на доктор Стојка Фуштиќ, лично од неа нарачано да дојде дежурната докторка на Детска клиника и да ми даде телефонски да разговарам дека за кратко време ќе стаса Психијатар со табелти за мене⁉

Се прашувам која ли е целта?

П.С Д-р Стојка Фуштиќ ако имате нешто да ми кажете повелете знаете каде сум“, порачува Пехчевски.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Македонија

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Read more

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more
 

Вести

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе