Австријците вријат: Американците профитираат, а ние со Германија си пукаме во колено

Директорот на Salinen Austria AG Петер Унтершпергер бара од Германија, во врска со поскапувањето на гасот, отворање на гасоводот Северен поток 2.

„Американците воопшто не се оштетени од санкциите, тие профитираат од нив, а Германија и Австрија си пукаат во колено“, објасни Унтершпергер за агенцијата APA.

Според него, ЕУ направила големи грешки и смета дека на Украина никогаш не требало да ѝ биде понудено членство во НАТО, но сега не може да се врати назад, бидејќи Европа би го изгубила својот углед.

Веќе во јануари, пред војната во Украина, компанијата го намали производството за 20 отсто поради цената на енергијата. Сега, вели, ситуацијата е уште полоша.

Унтерешпергер рече дека се намалуваат однапред купените количини енергија и дека компанијата е сè поизложена на пазарните цени, кои само делумно може да ги пренесе на клиентите.

„Досега успеавме да проследиме само 10 до 12 отсто, а ни требаат 25 до 30 отсто“, рече тој.

Тој посочи дека производството и натаму е за 20 отсто помало и така ќе остане до крајот на годинава.

И покрај тоа, тој очекува избалансиран до малку позитивен резултат за тековната деловна година.

Унтершпергер смета дека политиката ги оставила бизнисмените на цедило.

„Зошто порано не се префрливме на обновливи извори на енергија? Ако гасот е поевтин, како претприемач не можам да кажам бидејќи е одржлив и ќе купам зелена енергија од фарма на ветер, која е двојно поскапа. Не сум Каритас“, рече тој.

Унтершпергер, исто така, ја критикува австриската влада за воведувањето данок на CO2, што, како што вели, влијае на конкурентноста во споредба со Германија.

„Нашите германски конкуренти добиваат огромни суми на пари, а ние идиотите седиме на суво и мораме да платиме 400 евра за мегават час“, додаде тој во изјава за агенцијата APA.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе