Автономните дронови можат да засадат 40.000 дрвја дневно

Борбата против климатските промени и губењето на биодиверзитетот се комплицирани проблеми, но едно од оружјата на човештвото се автономните беспилотни летала.

Австралискиот стартап AirSeed Technology има јато беспилотни летала кои испалуваат капсули со семки од дрвја и можат да садат до 40.000 нови дрвја дневно за да ги поддржат напорите за борба против губењето на шумите.

Технологијата користи комбинација на вештачка интелигенција и специјално дизајнирани капсули за семиња кои можат да се испукаат во земјата од височина. Компанијата тврди дека беспилотните летала ја вршат својата работа 25 пати побрзо и 80% поевтино од традиционалните методи на садење.

Капсулите со семиња се патентирано и евтино решение за пошумување и засадување на автохтони видови, тие обезбедуваат дополнителни хранливи материи, минерали и адитиви неопходни за развој на расад, кои може да ги нема во почвата на местото на садење.

Remote video URL

Беспилотните летала работат во две фази. При првиот лет се идентификуваат растителни видови специфични за локацијата и се создава оптимална шема на садење. Собраните податоци се користат за мапирање на летот на беспилотните летала, а овие планови диктираат кога и каде ќе се испукаат капсулите.

По садењето, беспилотните летала може да се користат за откривање и оценување на промените, броење на крошните и други параметри кои помагаат да се следи растот и успехот на пошумувањето.

реклама

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе