Бајден: Автократска Русија е послаба отколку што се чини

Претседателот на САД Џо Бајден зборуваше за средбата со рускиот претседател Владимир Путин и рече дека во моментот Русија изгледа многу послаба отколку што е претставена во јавноста.

Во пресрет на состанокот со Владимир Путин во Женева, закажан за 16 јуни, американскиот претседател зборуваше за низа проблеми во односите меѓу двете сили.

На прашањето како е можно Путин да управува со Русија без проблеми од 1999 година и дека по толку години неговата политика не е променета, Бајден истакна дека има едноставен одговор на тоа.

„Тој е Владимир Путин. Автократите имаат огромна моќ и не мора да ѝ даваат отчет на јавноста за сè што прават“, рече Бајден.

Бајден се осврна и на моменталната состојба во Русија и зборуваше особено за економската состојба. Американскиот претседател истакна дека руската економија е 13 пати помала од САД, што ја прави послаба отколку што се чини.

„Русија има свои проблеми. Таа се занимава со својата економија, како и со пандемијата на коронавирус. Не се занимава само со САД и Европа, туку и со Блискиот Исток. Русија е вклучена во некои активности за кои веруваме дека се спротивни на меѓународните норми“, рече американскиот претседател.

Бајден на крајот од прес-конференцијата зборуваше и за актуелните проблеми меѓу двете земји поврзани со сајбер напади врз американски компании. Американскиот претседател повтори дека го повикал Путин уште пред изборите и му рекол дека ќе провери дали Путин е вмешан во сајбер напади.

„Имав пристап до безбедносни податоци и проверив сè. Путин бил вмешан во тие активности“, рече Џо Бајден.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе