Бајден: Најцрните денови во борбата против коронавирусот се пред нас

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден во божикната порака до сонародниците синоќа истакна дека борбата против пандемијата продолжува и ја обвини актуелната администрација што дозволила да се случат големи сајбер напади врз САД.

Запирање на пандемијата на коронавирусот и обновата на американската економија е една најважните работи со кои новата администрација на Бајден ќе се зафати по преземањето на Белата куќа. 

– Најцрните денови во борбата против вирусот се пред нас, а не зад нас, треба да покажеме трпение, издржливост и одлучност за да го победиме, рече тој. Побара Американците да бидат внимателни за празниците, „да се грижиме еден за друг и да останаме уште малку разделени, како што направивме и за Денот на благодарноста“.

Бајден го искритикува претседателот Доналд Трамп за тоа што ги потценил сајбер нападите. 

Повеќе официјални лица ја обвинија Русија за неодамнешните сајбер напади врз десетици американски државни агенции и за ширење штетни програми кај илјадници компании. Новоизбраниот претседател за ова изјави дека не постојат индиции дека ситуацијата е под контрола. Предупреди дека САД нема да седат со скрстени раце, а ќе одговорат на нападите. 

Бајден го обвини актуелниот претседател во тоа што не обезбедил заштита на земјата. Исто така, ги искритикува службите дека не соработуваат целосно во преземањето на власта од неговиот тим, и дека Министерството за одбрана „не сака дури и да нѐ брифира за многу работи“. 

Бајден го пофали Конгресот за донесување на законот за економска помош, и вети дека веднаш по преземањето на власта, ќе побара дополнителни мерки за заштита на Американците.  

Бајден истакна дека направил „очигледен избор“ за државен обвинител на САД. CNN дознава дека името на носителот на оваа позиција ќе биде обајвено денеска или најдоцна утре.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more
 

Вести

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе