Бајден: Нападот врз сопругот на Ненси Пелоси е ужасен

Кајгана / МИА
/ 29.10.2022 / 10:07

Американскиот претседател Џозеф Бајден го нарече „ужасен“ нападот врз Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси.

Смета дека сите оние кои шират лаги за нефер избори ја контаминираат политичката клима и придонесуваат за политички мотивирано насилство.

Пол Пелоси бил нападнат вчера во неговиот дом во Сан Франциско, а по физичкиот напад бил успешно опериран.

Бајден вчера ѝ се придружи на потпретседателката Камала Харис во едно од ретките заеднички појавувања, на настан во Пенсилванија.

-Што е многу, многу е. Секој совесен човек треба јасно и недвосмислено да застане против насилството во нашата политика, без разлика на политичката определба. Демократијата буквално, а не фигуративно, годинава е на тест, кажа Бајден, алудирајќи на претстојните парламентарни избори на 8 ноември и предупредувајќи на опасностите од екстремизмот.

Бајден кажа и дека полицијата има индиции дека нападот врз Пол Пелоси всушност бил насочен кон Ненси и рече дека напаѓачот со чекан извикал „каде е Ненси?“ – што можело да се слушне и од приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп за време на смртоносните немири во Капитол на 6  јануари минатата година, додаваат британските медиуми. 

Напаѓот е 42-годишен маж од Канада за кој CNN пренесе дека на социјалните мрежи објавувал содржини против вакцините за COVID-19, теории на заговор за американските избори во 2020 година во САД, како и за нападите на Капитол во 2021 година.

Тој во САД се доселил пред две децении, а во ниту една од неговите објави со теории на заговор не се споменува Ненси Пелоси, пренесе CNN.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе