Барикади, легитимирање, дозвола па пристап - се слави Гоце Делчев

Барикади, легитимирање, дозвола па пристап. Вака изгледа овогодинешното одбележување на 120 години од смртта на Гоце Делчев.

Пристап до гробот во црквата „Свети Спас“ во Скопје имаа делегациите кои беа најавени, новинарите кои беа акредитирани и граѓани кои можеа да поминат еден по еден – по претходен редослед од полицијата. Годинава, настанот беше третиран со голем ризик поради можни ескалации.

Околу 30 полицајци беа распоредени на првите барикади. Педесетина метри подоле имаше нови барикади, со други полицајци. Имаше и службеници во цивилна облека. Слично како овојпат, се славеше годишнината од раѓањето на Делчев.

Службениците беа распоредени уште во текот на вчерашната вечер, за да спречат евентуални инциденти при славењето.

Remote video URL

Владина делегација со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев ја одбележа 120 годишнината од неговото загинување

Владина делегација составена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и заменик министерот за образование и наука Агим Нухиу со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ја одбележа 120 годишнината од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода.

Пред саркофагот на великанот се поклонија и му оддадоа почит и претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и делегациите на Собранието, на Министерството за одбрана, на Армијата, на Сојузот на борците, на Македонската академија на науките и уметностите, на Град Скопје, на политичките партии, на дипломатскиот кор, како и други почитувачи на делото на Гоце Делчев.

Со пригодна богослужба за помен на мртвите чиночествуваше архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Г.Г. Стефан.

Визионерот Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од турската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер. Тој ја застапуваше каузата за искрена борба за прогресивно-културна држава, основана врз радикални и социјални принципи во која доброволно ќе се здружат сите угнетени народи и ќе ја продолжат сестраната борба.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе