Бегство од Дубаи: Каде се исчезнатите принцези?
Разводите честопати се комплицирани и непријатни, но ретко што може д се спореди со развод од кралското семејство на Дубаи.
Шеикот Мохамед бин Рашиш Ал-Мактум води битка со поранешната жена, принцезата Хаја Бинт Ал-Хусеин која, на големо изненадување, е во предност во моментов. Судија во оваа разводна постапка вредна милијарда долари донесе пресуда дека тврдењата на принцезата дека семоќниот шеик ѝ се заканувал со затвор и ја заплашувал со оружје се точни.
Емисијата 60 Minutes Australia нуди поглед во кралското семејство на Дубаи и одговори на прашањата – каде се исчезнатите принцези?