Белград наесен во Скопје отвора Српски културен центар

Српската заедница во Македонија наесен треба да го добие Српскиот културен центар во Скопје, како резултат на договорот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Зоран Заев, изјави Милутин Станчиќ, директор на Управата за унапредување на јазиците на заедниците во Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.

Станчиќ за РТС изјави дека заедно со Саша Богдановиќ, градоначалникот на скопската пштина Центар, го иницирале тој сеопфатен проект, кој беше поддржан од претседателот Вучиќ, и од српското Министерството за образование, Институтот за заштита на спомениците на културата и собранискиот Комитет за дијаспора.

– Идејата се појави како потреба за Србите во Македонија, кои според последниот попис од 2002 година, се околу 40.000, конечно да добијат Културен центар. Исто така, потребно е тие институционално да се зајакнат, да се грижат за наследството, да го зачуваат јазикот и писмото, што се сите предуслови за зачувување на идентитетот во долгиот период на асимилација, изјави Станчиќ.

Тој додава дека 15-годишната работа и искуство на српската невладина организација „Спона“, која печати списанија на српски јазик, организира трибини, научни собири, театарски претстави и концерти низ цела Македонија, ја покажало потребата од Културен центар зад кој би застанала државата Србија.

– Денес е тешко точно да се разјасни што и како луѓето чувствуваат и подразбираат под основите на својот идентитет, кажа Станчиќ, додавајќи дека Српската куќа ќе биде основана како еден вид рехабилитација и спречување на натамошната асимилација на Србите.

– На луѓето им треба нешто постојано, секогаш присутно, дизајнирано со српски културни национални карактеристики и приемчива содржина за да ги потсетува и храбри во разјаснувањето и поддршката на спознанието дека сме тука со векови и дека треба да нѐ биде и во иднина, оцени Станчиќ.

Во исто време, Србија и градот Белград подготвуваат услови Северна Македонија да добие сличен центар во Белград, заклучи Станчиќ.

Македонскиот премиер Зоран Заев претходно најави враќање на српскиот јазик како изборен предмет во училиштата во Северна Македонија, како и изградба на Српски културен центар во Скопје и Македонски културен центар во Белград.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе