Новата верзија на луксузниот SUV на Bentleyнајвеќе ќе им се допадне на купувачите кои бараат врвна управливост на асфалтот.
наодамна редизајнираниот Bentley Bentayga сега се нуди и во верзија која се крие зад ознаката S, а опцијата со која британската автомобилска компанија го пополнува празниот простор помеѓу стандардната Bentayga и најмоќниот модел на Bentayga Speed е одговор на барањата на купувачите кои сакаат SUV кој одлично ќе се снаоѓа на асфалтот.
Меѓу главните новитети кои пристигнуваат со Bentayga S е адаптивната суспензија чии активни стабилизатори ги движи 48-волтен систем, а тука е и новата работна програма Sport која на возачот му осигурува брза реакција на моторот/менувачот и нагласено директен управувачки систем.
Bentley Bentayga S има 4-литарски V8 мотор кој со асистенција на два турбополначи развива 550 КС и 770 Nm максимален вртежен момент, за чија дистрибуција на двете осовини задолжен е 8-степен автоматски менувач.
До стотка забрзува за 4,5 секунди и развива 290 км/ч, а производителот вели дека со еден резервоар од 85 литри во лежерен ритам може да помине 654 километри.