За дополнителни количества струја

Бесими: Префрлени се четири милјарди денари на ЕСМ

Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека се преземаат соодветни чекори за ублажување на последиците од енергетската криза. Од Буџетот за 2021 година веќе се префрлени четири милијарди денари на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за обезбедување дополнителни количества електрична енергија, вклучително и балансна енергија.

– Во насока на ублажување на последиците од оваа енергетска криза која е со пошироки размери и не ја опфаќа само РС. Македонија се преземаат соодветни чекори. Веќе е прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија и се преземаат мерки и активности насочени кон обезбедување дополнителни количини електрична енергија, вклучително и балансна енергија и резерва на активна моќност согласно утврдената кризна состојба, истакна Бесими во интервјуто за МИА.

Дополнително, за заштита на најранливите категории, Министерството за труд и социјална политика во координација со Министерството за економија се задолжени да подготват мерки за поддршка на социјално ранливите категории за да користат дополнителни средства за заштита од енергетска сиромаштија.

– Ваква мерка веќе се спроведува и имаме 45.622 корисници од ранливи категории кои добиваат 1.000 денари додаток за покривање на трошоци за греење. Мерка која, исто така, ја донесовме и веќе се спроведува, а беше во насока токму на заштита на стандардот на граѓаните, е намалувањето на ДДВ кај електричната енергија од 18 на 5 проценти за домаќинствата, наведува Бесими.

Нагласува дека состојбата се следи и оти очекувањата се дека ситуацијата на глобално ниво ќе се стабилизира најдоцна до средината на наредната година. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе