Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф-150 мм на улицата „Рилски конгрес“ бр. 1, во периодот од 9 часот, па сè до завршување на работите, без вода ќе останат дел од корисниците од улиците „Партение Зографски“ и „Белградска“ во Општина Центар.