Битиќи: Ќе треба да скратиме од пензиите и од оброците на студентите ако зголемиме плати во здравство и обвинителство

Зачестените протести и најави за нови протести за поголеми плати во здравството и судството не го менуваат значително ставот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој вели дека платите може да се зголемат, но доколку се понудат квалитетни услуги, а при тоа да се води сметка покачувањата да не нанесат штета на другите.

„Јас заедно со министерката за труд и социјална политика сме вклучени во скоро сите преговори со сите страни. И немаме никаков проблем да ги зголемиме платите и во здравство притоа ако имаме здравствени услуги соодветни за нашите баби и дедовци, родители, за нас самите. Немаме проблем да ги зголемиме платите и во судство и во обвинителство ако притоа граѓаните не чекаат по шест години за своите предмети за да им се реши судбината. Нема проблем, ќе решиме сѐ само да не биде на штета на другите. При тоа треба да не заборавиме, ако го зголемиме фондот за плати во здравство, во обвинителство, во судовите, ќе треба да скратиме од пензиите, ќе треба да скратиме од оброците за студентите, ќе треба да скратиме од книгите за учениците. Едноставно е, изборот е тој. Тоа се можностите“, вели вицепремиерот Битиќи.

За в петок протести најави Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ). Протестот ќе биде пред Собранието оти тогаш пратениците ќе разговараат за Предлог-буџетот за 2024 година. Ќе протестираат вработените во судовите и обвинителствата, а синоќа и вработените во Фондот за здравство најавија дека ќе се приклучат. Поканети се и сите останати синдикати.

реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Македонија

Јавниот превоз утре и задутре со изменет режим

Read more

Левица: Трамвај наместо БРТ на Шилегов, конечни место половични решенија

Read more

Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Read more

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Read more
 

Вести

Јавниот превоз утре и задутре со изменет режим

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Трамвај наместо БРТ на Шилегов, конечни место половични решенија

Читај повеќе

Путин испрати предупредување до Западот

Читај повеќе

Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Читај повеќе

Се продава легендарниот хотел Славија во Белград

Читај повеќе

Амбулантите и болниците ќе работат за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Читај повеќе

Во Белград градски автобус се преполови буквално па половина

Читај повеќе

Естонија, Латвија и Литванија ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради Русија

Читај повеќе