Битиќи: Нема потреба од ребаланс за најавените зголемувања на минималната плата и пензиите

Нема потреба од ребаланс за најавените зголемувања на минималната плата и пензиите бидејќи за тоа се обезбедени средства, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– За минималната плата и за пензиите не треба да се прави ребаланс. Тие се веќе испланирани во Буџетот. За пензиите, Фондот на ПИОМ има обезбедено средства за еветуално зголемување. Не треба да се грижиме дека ќе земеме од некаде за да им дадеме на пензионерите. Пензионерите се осигурени со тоа што имаат доста средства во Фондот на ПИОМ, рече Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по денешната заедничка прес-конференција со министрите за економија и за образование, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири.

До крајот на неделата се очекува да започнат разговорите со сите засегнати страни за зголемување на пензиите, а вицепремиерот Битиќи вели дека ќе го применат истиот принцип на преговори како и за минималната плата, односно ќе разговараат со сите страни со цел да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за сите.

– Деновиве се координираме за да започнеме дијалог со сите чинители кои се засегнати од пензиите и најверојатно при крајот на неделата ќе го имаме првиот состанок на кој ќе се зборува дали ќе се оди со менување на методологијата или еднократна помош која би требало да дојде до најралнивите категории. Она што можам да го кажам е дека исходот ќе биде задоволителен за сите страни вклучени во дијалогот, рече Битиќи.

Во однос на мислењата на дел од експертите дека најавеното зголемување на пензиите ќе бара интервенција од Буџетот, вицепремиерот Битиќи со порака дека финансиските извештаи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за минатата година покажуваат дека има значително зголемување на приходите.

– Го почитувам мислењето на експертската заедница, но сметам дека ставовите треба да се конзистентни. Експертската заедница веројатно постоела таму последните 15-тина години и дозволила Пензискиот фонд да западне таму каде што западна. Ако добро ги видат финансиските извештаи на Фондот, ќе видат дека минатата година, иако беше година на пандемија и економска криза, има значително зголемени приходи заради движењето на самата економија и движењето на платите. Во една таква ситуација, давањето констатација дека тоа ќе ја зголеми потребата од страна на Буџетот да интервенира, мислам дека веројатно не ги прочитале доволно добро податоците од ПИОМ, рече Битиќи.

Во врска со реакциите на дел од компаниите дека се оневозможени да ги користат најавените субвенции за покривање на разликата во придонесите на зголемувањето на минималната плата,затоа што веќе користат субвенција за исплата на плати, Битиќи појасни дека тоа е направено за да нема концентрација на државна помош на исто место и за иста намена.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Read more

Македонија

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Read more

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Read more

Падна дрво во населбата Автокоманда

Read more

Без струја, делови од Зелениково и Чучер Сандево

Read more
 

Вести

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Читај повеќе

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Читај повеќе

Падна дрво во населбата Автокоманда

Читај повеќе

Без струја, делови од Зелениково и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Читај повеќе
  • filter

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Читај повеќе

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Читај повеќе