Битиќи: Пет отсто ДДВ за струјата ќе остане до крајот на годината

Данокот на додадена вредност (ДДВ) за електричната енергија до крајот на годината ќе остане пет отсто, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Засега, нагласи Битиќи, не може да се каже колкаво ќе биде евентуалното поскапување на струјата. Сè уште се прават калкулациите за менување на тарифникот кој, како што напомена вицепремиерот, ќе биде праведен и правичен, според потрошувачката.

Со новиот модел на тарифирање, дециден е Битиќи, најранливите категории граѓани ќе бидат заштитени. За стопанството, пак, со ребалансот на Буџетот се предвидени 67 милиони евра поддршка.

-Во овој момент се прават сите калкулации на менување на тарифникот и тарифата на дефинирање на цената на електричната енергија. Секако, најранливите категории граѓани ќе бидат заштитени со новиот модел на тарифирање. Тие што се најранливи, ќе плаќаат најмалку – тоа нема да значи можеби зголемување, туку намалување на тарифата за најпогодените. Наскоро ќе го видиме моделот. Ќе се направи праведно и правично тарифирање на електирчната енергија, според потрошувачката. Ние сме кажале и стоиме на тоа дека не може и тие кои се на регулиран пазар, а се големи потрошувачи да плаќаат иста, субвенционирана цена како секој друг граѓанин, истакна Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.

Тој објасни дека се прават финалните калкулации дали потребата на ЕВН ќе ја обезбеди ЕСМ, дали домашните капацитети за производство се доволни да ја испорачаат енергијата и дали ќе има потреба од увоз. Според законот, потсети Битиќи, ЕСМ треба да обезбеди 60 отсто од потребите на ЕВН.

-ЕСМ го има планот за производство, но не знаеме колкави се побарувањата на ЕВН. ЕВН треба да дојде со проекција, да се стават сите параметри на маса за да може да се одреди колкава е потребата за интервенција, подвлече вицепремиерот.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе