Битиќи: Покачувањето на минималната плата да биде проследен со соодветно зголемување на останатите плати

Природно е трендот на покачување на минималната плата да биде проследен со соодветно зголемување и на останатите плати, а нема апсолутно никаков простор за загриженост дека ваквото зголемување на минималната плата ќе ја забрза инфлаторната спирала, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Битиќи во интервју за 24 Инфо за тоа дали ќе следува покачување на останатите плати во јавниот и приватниот сектор, вели дека вработените во јавниот сектор веќе добија покачување на платите според колективните договори за секоја гранка одделно.

– Со ова покачување на минималната плата ќе се зголемат платите на административците кои имаат засновано работен однос според Законот за административни службеници (ЗАС), додека сите останати кои се под државна капа имаат свои гранкови синдикати кои имаат склучено колективни договори и нивните плати и надоместоци се дефинирани во овие колективни договори, рече Битиќи..

Во врска со приватниот сектор негови очекувања се дека и природно е овој тренд на покачување на минималната плата да биде проследен со соодветно зголемување и на останатите плати, кое секако дека треба да биде проследено со соодветно зголемување на продуктивноста, ефективноста и ефикасноста во работењето на секој наш работник, како во јавниот така и во приватниот сектор.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, во интервјуто потенцира дека нема апсолутно никаков простор за загриженост дека ваквото зголемување на минималната плата ќе ја забрза инфлаторната спирала.

– Водејќи се според основните економски законитости, ние живеевме и сѐ уште живееме во период на повисоки цени на енергенси и основни прехранбени продукти исклучиво заради нивното намалено производство, а не заради зголемената куповна моќ на домаќинствата. Дополнително енергенсите како и основните прехранбени продукти ги користиме ограничено, односно многу тешко е во пракса да се случи зголемување на нивните цени заради енормно зголемената побарувачка.

Краткорочните предвидувања за до крајот на оваа година, како од страна на меѓународата организација за храна и земјоделие (FAO) поврзано со цените на храната, така и на интернационалната агенција за енергија (IEA) поврзани со цените на енергенсите се дека ќе има нивно понатамошно намалување, но секако со послаба динамика. Овие предвидувања охрабруваат и ни даваат надеж дека нивниот ефект ќе се прелие и врз нашата економија која знаеме дека е скоро 100% увозно зависна од енергенси, и која произведува околу ½ од вкупните потреби за храна, вели Битиќи.

Вицепремиерот потенцира дека 2022 година, според официјалните бројки на Народна Банка сме ја завршиле со историски рекорден износ на странски директни инвестиции во земјата во износ од 753,8 милиони евра. Според него, нашата економија нема потреба само од ИТ инженери и работници кои се потребни на ИКТ индустријата, туку има една подолга низа на високо квалификувани профили за кои понудата на работна сила кај нас е многу ограничена или воопшто ја нема.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе