Алексеј Кудрин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, е најновото име во низата високи руски функционери кои поднесоа оставка.

Кудрин беше шеф на комитетот за ревизија на Русија, а претходно беше министер за финансии и вицепремиер. Како што пренесува Guardian, извори сугерираат дека по заминувањето од владата тој би можел да биде вработен во рускиот технолошки гигант Yandex..
Кудрин беше близок соработник на Владимир Путин во текот на неговата кариера, а денес стана највисокиот владин функционер кој поднесе оставка по инвазијата на Украина. Кудрин рече дека сака да се фокусира на „големи проекти“ и додаде дека сè уште не одлучил што ќе прави по оставката.
Но, тој нагласи дека оставката е негова одлука: „Да, тоа беше моја иницијатива. Барам нови, интересни проекти на кои ќе се посветам“.