Бочварски: „Беса транс“ имала истечена лиценца и користела изводи од други возила

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски попладнево на прес-конференција соопшти дека опожарениот автобус со регистарски таблици СК0284 БА кој учествуваше во сообраќајната несреќа во Република Бугарија не е пријавен од сопственикот во единствената електронска база на податоци на Министерството, за автобусот не поседувал извод од лиценца, а за превозот на патници користел неважечки извод кој се однесувал за друг автобус.

Според Бочварски, превозникот „Беса транс“ поседувал две лиценци за работа: лиценца за слободен превоз на патници во меѓународниот сообраќај со број 00701 за која е донесено решение да му биде одземена поради злоупотреба и лиценца за линиски превоз на патници во внатрешниот сообраќај со број 8528 која е истечена во октомври 2021 година, односно е неважечка.

Овие лиценци, нагласи Бочварски, се однесуваат на правното лице „Беса транс БТБ“ како фирма, а не на превозни средства.

– Во однос на поседување на изводите од лиценци за автобуси за слободен превоз на патници во меѓународниот сообраќај, превозникот „Беса Транс БТБ“, поседувал изводи од лиценци за четири автобуси, истакна Бочварски.

Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај член 11 став 1, објасни министерот, превозникот може да почне да врши превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај откако ќе добие лиценца за фирмата и извод од лиценца за моторно возило.

– Превозникот ниту го пријавил, ниту побарал од Министерството за транспорт и врски извод од лиценца за опожарениот автобус и поради тоа не е евидентиран во единствената база на податоци. Друга работа што е многу важна а со која се шпекулира во јавноста е начинот како превозникот Беса Транс БТБ ја минувал границата. Изводот од лиценца со број 22679 што се јавува во електронскиот систем на Царинската управа, а кој бил користен за опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот Беса Транс БТБ, потенцира Бочварски.

Тоа, дополни, јасно упатува дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило, а во друг наврат ја прикажувал и лиценцата од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај.

– Поради тоа, веќе информиравме дека Министерството за транспорт и врски ја одзеде лиценцата за вршење на дејност на превозникот „Беса Транс БТБ“, нагласи Бочварски.

По барање на Обвинителството, Министерството за транспорт веќе ја предало целосната документација за превозникот „Беса Транс БТБ“ и во наредниот период ќе постапува според барањата и потребите на Обвинителството.

– Во однос на надлежностите на Министерството, веќе спомнав дека постапивме согласно Законот за превоз во патниот сообраќај и донесовме решение за одземање на лиценцата за работа и неможност за вршење на дејност. Превозникот има право на жалба, но жалбата не го одлага решението што значи дека тој има обврска да ја депонира лиценцата и изводите од лиценци назад во Министерството, дециден е Бочварски. 

реклама

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе