Бочварски: Патарини се плаќаат за да имаме модерни патишта

Патарини на автопатите се плаќаат за да имаме модерни патишта, да можеме да ги одржуваме, при зимски услови да ги исчистиме од снежни наноси и почесто да ги реконструираме, за да бидат во добра кондиција, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

– Токму поради наплатата на патарините и токму поради тоа што развојот на инфраструктурата во државата ни е еден од клучните приоритети веќе работиме на целосна реконструкција и проширување на автопатот Тетово-Гостивар. Се работи на проектирање на новата траса Тетово-Гостивар која што ќе биде траса за едниот правец, а постојната ќе остане за другиот правец. Владата има во план целосна реконструкција на овој автопат којшто ќе биде и покомотен и побезбеден, рече Бочварски во одговор на прашање при денешниот увид во реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово.

Заради тоа, додаде тој, важно е да се плаќаат патарините заради тоа што во овие четири години реконструиравме, рехабилитиравме и изградивме преку илјада километри патишта во државата.

– Кога ќе се реконструира тој автопат постојното решение ќе биде целосно во едниот правец од Тетово кон Гостивар, а другата траса која што ќе биде изместена, нема да биде паралелно со овој пат, ќе биде од Гостивар кон Тетово. Секако дека и тогаш ќе се плаќаат патарини заради тоа што по Законот за јавни патишта во државата на сите автопати се плаќа патарина по такса која што е утврдена со закон. Тоа е исклучиво само заради аспектот да имаме модерни патишта, да можеме да ги одржуваме, да можеме при зимски услови да ги исчистиме од снежни наноси и почесто да ги реконструираме за да бидат во добра кондиција заради тоа што патиштата се лицето на државата и за нашите граѓани и за оние коишто влегуваат и транзитираат низ Република Северна Македонија, потенцира Бочварски.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе