Богатите Руси го префрлаат богатството во Дубаи

Богатите Руси се преокупирани со трансфер на барем дел од своето богатство од Европа во Дубаи за да го заштитат својот имот од поостри санкции против Русија поради инвазијата на Украина, изјавија финансиски и правни извори, објави Financial Times.

Дубаи, финансиски и деловен центар познат по недостигот на строга регулатива, долго време е познат како магнет за ултрабогатите во светот, а одбивањето на Обединетите Арапски Емирати да застанат на страната на Западот и Москва беше сигнал до Русите дека нивните парите би биле безбедни. ОАЕ се воздржаа од осуда на руската инвазија на Украина за време на гласањето во Советот за безбедност на ОН. Емиратите, кои ги продлабочија врските со Русија во последниве години, не воведоа санкции од западен стил, ниту пак Централната банка на ОАЕ издаде инструкции за санкции од САД и европските сојузници.

Во секој случај, богатите Руси во моментов во Лондон и Швајцарија се обидуваат да го пренесат своето богатство на безбедно, изјави банкар во голема швајцарска приватна банка.

Ова го потврди и адвокат во Дубаи, кој рече дека неговата компанија добила прашања од руски поединци и компании за тоа како тие брзо можат да префрлат „значителни средства“ во вредност од стотици милиони долари во арапската земја во Персискиот залив.

„ОАЕ е погодно место (за бизнис) – на само неколку часа и без регулатор што е во договор со западните регулатори“, рече менаџерот за инвестиции.

Руски клиенти со сметки во приватни банки, откри еден банкар, отвораат сметки во регионалната канцеларија на истата банка во ОАЕ, додека некои други отвораат сметки во локалните банки. Тие исто така се обидуваат да инвестираат пари во недвижен имот и фондови кои не откриваат информации за имотот.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Бизнис

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе