Бонус плати за вработените во МВР со над 150 часови прекувремена работа во 2022 година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на својот Facebook профил објави дека започнува прибирањето на податоци за вработени во МВР коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво, со што, согласно Колективниот договор, ќе им бидат исплатени бонус плати.

- Откако го преземав раководењето со МВР, како приоритет се воспостави редовната исплата на бонус плати за над 150 изработени часови прекувремена работа на годишно ниво, како гарантирано право на вработените во МВР согласно Колективниот договор. Така, во периодот од 2017 до 2022 исплатени се бонус платите за 2017 и 2018, за коишто не беа обезбедени и исплатени средства од претходното раководство на МВР, а продолживме и со редовна исплата на бонус платите за 2019, 2020 и 2021 година, за што вкупно беа обезбедени и издвоени 561.773.133 денари или 9.060.857 евра, средства од Буџетот на МВР предвидени за остварување на ова право на вработените, истакна Спасовски на Facebook.

Тој додаде дека благодарение на спроведените одговорни економски политики и како резултат на домаќинското работење, била зголемена просечната плата, а со тоа растел и поединечниот износ на бонус платите во МВР.

-Колку за илустрација, ако бонус платата во 2017 година поединечно изнесуваше 22.928 денари, во 2023 година можеме да се пофалиме со бонус плата за 2022 година во поединечен износ од 31.859 денари, што претставува зголемување на износот од безмалку 40 отсто. Подобрувањето на статусот на вработените во МВР е од императивно значење за ова раководство на МВР, а во насока на нашиот концепт „Задоволна полиција – безбедни граѓани”, со којшто покажавме одлични резултати во гарантирање на безбедноста и борбата против секаков вид криминал, заклучи Спасовски.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Read more

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе