Борис Џонсон го спореди Путин со Слободан Милошевиќ

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во интервју за Sky News го спореди рускиот преседател Владимир Путин со покојниот српски лидер Слободан Милошевиќ.

Џонсон во интервјуто говореше за Украина, Владимир Путин, одговорот на Западот, својот наследник и други теми, а единствено не сакаше да зборува за своето заминување од функцијата летоска.

За тоа дали претседателот Путин би можел да употреби нуклеарно оружје како дел од континуираното војување во Украина, Џонсон истакна дека „не мисли дека ќе употреби“ бидејќи тоа би предизвикало хистерична реакција како кај противниците така и кај руските сојузници.

„Мислам дека треба да е луд за тоа да го направи. Би ја збришал својата земја од клубот на цивилизирани нации. Тоа би било целосна катастрофа за Русија“, рече тој.

Џонсон истакна и дека Путин „катастрофално погрешил“ кога одлучил да ја нападне Украина велејќи дека неговата порака за Украина звучела како кога Слободан Милошевиќ говорел за Косово.

„Сите ние во британската влада го прочитавме неговиот луд есеј за Украина, кој го објави минатото лето. Тој фундаментално погреши во проценувањето на Украина. Тоа беше како да го читате Слободан Милошевиќ на тема Косово. Милошевиќ мислеше дека Косово е интегрален дел од Голема Србија и духовна татковина на српската нација. Мислам дека Путин истото го мисли за Киев и за потеклото на православната вера“, објасни Џонсон.

„Тоа е тотална грешка. Украина е слободна и независна европска култура со свој идентитет, со свои амбиции и судбина. Направи фундаментална грешка“, додаде.

Remote video URL
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more
 

Вести

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе