Борис Џонсон ќе поднесе оставка како премиер

Б.С.Б.
/ 07.07.2022 / 11:16

Борис Џонсон денес се очекува да ја објави неговата оставка како британски премиер, соошти владин извор откако во последните 24 часа над 50 членови на неговиот кабиент поднесоа оставки.

Тој се соочува со владина криза бидејќи во последните 24 часа над 50 членови на неговиот кабинет поднесоа оставки. Џонсон досега одбиваше да го стори тоа, а го разреши министерот кој јавно го повика да поднесе оставка.

Во следните часови се очекува оставката на изолираниот и немоќен Џонсон, за кој е неизбежно токму денес да ја соопшти неговата оставка, пренесе Reuters.

BBC објави дека Џонсон денеска ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Конзервативната партија, а на премиерската функција ќе остане до есен. Конзервативната партија во текот на летото ќе треба да избере нов лидер, кој ќе биде именуван за премиер.

Министерот за финансии Надим Захави, само 36 часа откако стапи на функција, побара Џонсон да поднесе оставка.

– Ова не е одржливо и само ќе се влошува за вас, за Конзервативната партија и што е најважно за целата земја. Мора да ја направите вистинската работа и да заминете сега, напиша Захави на Twitter.

Досега 57 членови на британската Влада поднесоа оставка.

Додека британскиот министер за одбрана Бен Волас ја повлече поддршката за Џонсон, но истакна дека нема да поднесе оставка.

– Некои од нас имаат обврска да ја чуваат оваа земја безбедна, без оглед кој е премиер. Партијата има механизам да го смени лидерот и тоа е механизам што треба да го искористат колегите. Јавноста не би ни простила доколку ги оставиме празни овие државни канцеларии, посочи Волас. 

Неговото обраќање се очекува во живо:

Remote video URL
реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе