Братот на Пабло Ескобар ја тужи Klarna за 400.000 евра

Б.С.Б.
/ 10.11.2020 / 16:13

Escobar Inc, компанијата која Роберто Ескобар ја води заедно со Швеѓанецот Олаф Густафсон, тврди дека компанијата Klarna им должи 400.000 евра за илјадници телефони од марката Escobar, продадени преку оваа платформа.

Иако износот не е голем за компанијата, вредна 10,6 милијарди долари, тоа би можело да предизвика проблеми за да не излезе на американската берза.

„Имам добри адвокати и ви гарантирам дека ќе победиме на суд“, вели Густафсон.

Во Klarna  велат дека ги задржале парите бидејќи веруваат дека продадените телефони никогаш не биле доставени до купувачите.

Роберто, братот на Пабло, ја основал Escobar Inc во 1984 година во Колумбија, а во последните 6 години се занимава со заштита на семејното презиме, па често ги тужи луѓето и компаниите кои го користат името „Ескобар“ за продажба на производи.

Така на пример, ги тужеше Netflix поради серијата „Narcos“, а на крајот со нив се спогоди без судење. На суд ги испрати Apple, а судски повици добија и неколку музичари. Сепак, тужбата против Klarna не се однесува на заштита на марката Ескобар, туку на обидот компанијата да ја користи репутацијата на Пабло Ескобар за продажба на позлатени телефони.

Сè започна минатиот декември, кога Escobar Inc го претстави Escobar Fold 1, прекриен со тенок слој злато.

Remote video URL

Компанијата ја критикуваат и поради реклами со полуголи жени, а се појавија и информации дека телефоните воопшти не биле испорачани до купувачите.

Според Густафсон, Escobar Fold 1 е продаден во илјада примероци. Klarna задржа 400.000 евра и нема намера да ги врати. Во меѓувреме, телефоните и понатаму може да се купат преку уплата на сметка на компанијата на Ескобар. Судскиот процес против Klarna е покренат во судот во Калифорнија.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе