Брнабиќ: Дискриминирана сум и од ЛГБТ заедницата и од оние кои ја дискриминираат таа заедница

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на конференцијата за човекови права во рамки на манифестацијата „Европрајдд 2022“ рече дека „таа е веројатно единствената личност која била дискриминирана од двете заедници“, откако ЛГБТ активистите ја дочекаа со свирежи на конференцијата во белградскиот Дом на младите, јави дописникот на МИА од Белград.

– Мислам дека е добро да се разговара и не мислам дека ова е дијалог и веројатно сум единствената личност која е дискриминирана од двете заедници и првиот политичар во оваа земја и регионот кој не се исплаши и не се срамев што сум ЛГБТ. Ова е мојата борба, рече таа.

Активистите во конференциската сала извикуваа „Сакаме Прајд“, „Прајд е протест“, „Ги сакаме нашите човекови права“, упатувајќи ѝ свирежи.

Брнабиќ на конференцијата рече дека таа самата ги нема сите права, дека не е во брак, дека не може да посвои дете, по што активистите собрани во салата на Дом на младината ја поканија да прошета со нив во сабота на 17 септември и извикуваа „Ајде на прошетка во сабота“, на што премиерката на англиски одговори: „Никој не може да ве спречи“.

– Можеби не ви се допаѓа, но јас се борам за вашите права и давам сѐ што можам, рече таа, оценувајќи дека ја подигнала видливоста на ЛГБТ заедницата и ги поместила границите „барем за еден метар“ само со тоа што е геј премиер на Балканот.

Таа додаде дека без нејзината поддршка и потпишување на писмото со препорака, Европрајд оваа година немаше да се одржува во Белград и да биде прва ваква манифестација во Југоисточна Европа.

Организаторите на Европрајд соопштија дека со одлуката на МВР што ја добиле денес е забранета трасата на прошетката планирана за сабота на 17 септември, но не и самата прошетка и дека ќе предложат нова рута.

– Уште еднаш ќе демонстрираме конструктивен пристап кон решавање на проблемите и ќе предложиме нова рута по која ќе пешачиме во сабота на 17 септември. Како што најавивме пред неколку недели, прошетката ќе се одвива, а сега останува на МВР да даде позитивен одговор на нашиот предлог бидејќи во интерес на сите нас е целата манифестација да помине што е можно непречено и ничија безбедност да не е загрозена, се наведува во соопштението. 

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Регион

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more
 

Вести

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акумулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе