надлежните со апел за вакцинација

Бројот на активни случаи со Ковид надмина 15 илјади

Во земјава над 180 илјади лица се заразиле со COVID-19 од почетокот на епидемијата, а бројот на активни случаи надмина 15 илјади.

Повторно голем број на починати лица беа регистрирани во текот на вчерашниот ден – 21, на возраст од 49 до 94 години. Од направени 5.416 тестирањe, вчера беа регистрирани 459 нови случаи, а оздравеа 368 пациенти.

Во Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово има најмногу активни случаи на COVID-19, а со најмалку активни случаи се Демир Капија, Дојран и Пехчево.

Над 80 проценти од пациентите кои се заразиле со COVID-19 се невакцинирани. Во болниците најголем дел од пациентите се исто така оние кои не примиле вакцина против вирусот. Според надлежните единствен спас за излез од пандемијата е луѓето да се вакцинираат.

Според испитувањата кои ги има направено компанијата Pfizer, која е еден од производителите на вакцина за COVID-19, најверојатно ќе биде потребна и трета доза, но наодите се уште не се официјализирани.

Вакцината, како што изјави завчера министерот за здравство Венко Филипче, сериозно го намалува ризикот од тешка форма на болеста и според студиите 20 пати го намалува ризикот од смртен исход. Тоа, смета тој, треба да е мотивација за граѓаните.

– Огромен процент од новодијагностицирани пациенти, 80 и неколку проценти и од тие коишто се во болница се невакцинирани, што значи дека тоа е проблемот не само кај нас, туку насекаде. Разговараме и со колегите во регионот, секаде болниците се оптоварени со невакцинирани пациенти, рече завчера министерот Филипче.

Веројатно, според него, ќе има нови соеви и мутации на вирусот. Меѓутоа, како што додава, вакцината е таа која што штити, го намалува ризикот од смртен ризик неколкукратно или од тешка форма на болеста. Тоа, вели Филипче, е начин ние да ги вратиме животите во нормала.

–  Овој тип на вирус има тенденција да мутира во различни делови. Сè уште е рано да се кажат карактеристиките на овој најнов сој на вирусот. Ги чекаме научните сознанија. Она што досега се знае за досегашните соеви на вируси е дека важат истите принципи вакцинацијата и општите превентивни мерки, рече Филипче.

Во моментов има доволно вакцини во земјава – околу 300 илјади дози се на располагање, 115 илјади дози на вакцини од AstraZeneca, 110 илјади Pfizer и 100 илјади дози од Sinovac. Има и континуирана количина што доаѓа од 30 до 40 илјади секој понеделник или вторник од компанијата Pfizer.

Околу девет проценти од смртните случаи, како што информира Филипче, се вакцинирани, меѓутоа тоа се пациенти кои имаат тешка состојба, сериозни коморбидитети и иако се лекувани по сите стандарди за жал не може да се помогне.

Околу смртноста на млади лица, Филипче рече дека тоа е нешто на што посебно обрнуваат внимание, но, како што вели, за жал, се невакцинирани лица.

Додаде дека засега нема потреба да се активираат дополнителни одделенија на интерните клиники, иако се спремни. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе