Бројот на новозаразени и натаму трицифрен, иако има тренд на намалување

Скопје, 12 август 2020 (МИА) – Нови 139 случаи со COVID-19 од 1.627 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Оздравени се вкупно 239 лица. Почина еден пациент од Охрид, на 66-годишна возраст, во болнички услови.

Од новите 139 случаи со COVID-19, најмногу има во Скопје – 30, Куманово – 20, Гостивар -19, Штип – 15, Струга и Кавадарци  по осум, Тетово и Свети Николе по шест слуачи, Кочани – пет, Кичево – четири, Охрид и Македонски Брод по три, Дебар, Битола, Струмица и Демир Хисар по два и Прилеп, Гевгелија, Берово и Делчево по еден случај.

Регистрирани се 239 оздравени пациенти, од: Скопје-132, Свети Николе-23, Куманово-22, Штип-14, Дебар-8, Битола-7, Тетово и Кичево по шест, Демир Хисар и Прилеп – четири, Кавадарци, Кочани и Делчево по три, Гостивар – два и по еден во Велес и Неготино.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.217, бројот на оздравени пациенти е 8.487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.200.

Од вкупниот број активни случаи, во Скопје има 1.057, во Штип 342, во Гостивар 304, во Куманово 264, во Тетово 173, во Струга 159, Кичево 128, Дебар 122…

Досега во земјава се направени вкупно 119.102 тестирања на COVID-19.

На Инфективната клиника примени се девет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти од кои на кислородна поддршка се 27 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на COVID-19, четири деца позитивни на вирусот и шест пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје примени се седум пациенти. Вкупно хоспитализирани се 73 пациенти од кои на респираторна машина се шест пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 137 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување на бројот на оздравени лица според податоците во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од трети до деветти август годинава.

ИЈЗ информира дека во овој период се направени вкупно 9.543 тестирања (1,8 отсто помалку од периодот 27 јули до 2 август) и регистрирани се 816 позитивни случаи на COVID-19, што претставува намалување за 10,5 отсто споредено со претходната недела.

Во периодот на известување повторно намалување има и во процентот на позитивни од тестирани случаи, кој изнесува 8,6 отсто споредено со последните две недели кога 9,4 отсто односно 10 отсто од тестираните беа позитивни. Новозаболени се регистрирани во 26 градови, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (31,4 отсто), во Штип (11,3 отсто) и во Гостивар (10,4 отсто). Во 16 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во однос на старосната структура на новозаболените и во овој период најголем процент се лица над 60 години – 25,9 отсто, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30 до 39 години – 18,4 отсто. Во возрасната група од 40 до 49 години се 17,9 отсто од новозаболените, а во групата од 50 до 59 години – 17,2 отсто. Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години – 1,6 отсто и од 10 до 19 години четири отсто.  

реклама

Македонија

Утре одлука за дневниот престој во училиштата

Read more

Дали пензионирањето порано ќе го оптовари Фондот?

Read more

Што ќе значи „Ѕвезда плус“ за туризмот и угостителите во земјава?

Read more

Комисијата одлучува за целодневна настава

Read more

Вести

Велешанка двапати силувана од соседот, напаѓачот е притворен

Читај повеќе

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп: Спречивме масовни убивања меѓу Србија и Косово

Читај повеќе

Македонски државјанин уапсен во Косово

Читај повеќе

Утре одлука за дневниот престој во училиштата

Читај повеќе

Дали пензионирањето порано ќе го оптовари Фондот?

Читај повеќе

Црн рекорд: 13.498 новозаразени во еден ден во Франција

Читај повеќе

Што ќе значи „Ѕвезда плус“ за туризмот и угостителите во земјава?

Читај повеќе

Комисијата одлучува за целодневна настава

Читај повеќе