Бројот на заболени од COVID-19 надмина 13.000, најмногу активни сѐ уште во Скопје

Скопје, 23 август 2020 (МИА) – Нови 159 заболени од COVID-19 од направени 1.733 тестирања се регистрирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство со што вкупниот број дијагностицирани се искачи на 13.458. Најмногу активни случаи и натаму има во Скопје, главно во Општина Чаир, каде има дури 114 активни случаи.

Вкупниот број оздравени пациенти од почетокот на епидемијата изнесува 10.052, а на починати 563. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2843.

Од 159-те нови случаи на COVID-19 во Скопје се 32, Куманово 25, Штип 8, Прилеп 7, Тетово 9, Струга 15, Велес 2, Охрид 4, Кавадарци 5, Гостивар 22, Гевгелија 5, Берово 9, Делчево 4, Кичево 3, по еден во Дебар, Струмица, Радовиш, Пехчево и Битола, и по двајца во Кочани и Виница.

Институтот за јавно здравје вчера регистрираше 75 оздравени пациенти и тоа од Скопје 27, Дебар 3, Штип 8, Битола 4, Гостивар 9, Кичево 13, по двајца од Велес и Неготино, и по еден од Куманово, Прилеп, Тетово, Крушево, Кочани, Македонски Брод и Виница.

Според податоците на Министерството за здравство, во вчерашниот извештај се регистрирани шест починати лица.

Четворица од нив се пациенти од Скопје на возраст од 77, 80, 85 и 86 години. Еден пациент е од Гостивар на 61 година, и еден од Штип на 76 години.

Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на COVID-19, пет деца позитивни, две мајки и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип 33 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Како што се наведува во соопштението на Министерството за здравство, најмногу активни случаи има во Скопје, поточно во општините Чаир со 114 активни случаи, потоа следува Гази Баба со 100, Аеродром 99, Карпош 92, Центар  81, Кисела Вода 84, Ѓорче Петров 63, Бутел 61, Шуто Оризари 36, Студеничани 19, Сарај 20 и Арачиново 15.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Македонија

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Read more

Променливо време со температури до 26°C

Read more

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Read more

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе