Бугарски медиуми: БПЦ го призна томосот на СПЦ за автокефалност на МПЦ

Светиот синод на Бугарската православна црква на својата редовна седница под претседателство на бугарскиот патријарх Неофит донел одлука „за признавање на томосот со кој Српската црква ѝ дава автокефалност на Македонската православна црква“, објавија бугарските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според овие написи, Синодот на БПЦ смета дека МПЦ-ОА треба да се нарекува „Православна црква во Република Северна Македонија“.

Според медиумите, бугарскиот патријарх Неофит во своите диптиси на Божик ќе го вклучи и името на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, но како „архиепископ скопски Стефан“, бидејќи БПЦ „не ја признава титулата со која што вселенскиот патријарх Вартоломеј ги прими во литургиско сослужување архиепископот Стефан и МПЦ“.

Бугарскиот црковен сајт doxologiainfonews.com наведува дека Синодот на БПЦ го оспорува името на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, бидејќи според Статутот на БПЦ „правен наследник на Охридската архиепископија е Бугарска патријаршија“.

На заседанието на Синодот не било разгледано прашањето за признавање на автокефалноста на Православната црква на Украина доделена од Вселенската патријаршија.

Медиуми во Софија ги критикуваат ваквите ставови на членовите на Синодот на БПЦ оценувајќи дека тие најверојатно се усвоени под влијание на раководителот на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија, митрополитот волоколамски Антониј, кој минатата недела престојувал во посета на Софија и неколку епархии во Бугарија. Според овие написи, митрополитот волоколамски Антониј воедно на неколку митрополити од бугарскиот Синод „им дал инструкции“ да не ја признаваат Православната црква на Украина и томосот за нејзина автокефалност издаден од вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Дописникот на МИА од Софија јави дека се очекува Бугарската патријаршија да излезе со официјално соопштение за заседанието на Синодот и за донесените одлуки.

Инаку, по одлуката на Вселенската патријаршија за примање во канонско единство на МПЦ-ОА, БПЦ во јуни годинава реши да ја признае нашата Црква и влезе во канонско единство со неа.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе