Бугарско МНР: Изненадени сме од бројот на Бугари на Пописот во С. Македонија

Со големо изненадување ги прифаќаме објавените податоци за бројот на граѓани во Република Северна Македонија, кои на Пописот се самоидентификувале како Бугари, соопшти бугарското Министерството за надворешни работи.

– Ја забележуваме драстичната неусогласеност меѓу овие податоци и податоците за бројката од над 100.000 граѓани на Република Северна Македонија кои лично поднеле документи со кои се докажува бугарско потекло и самосвест за добивање бугарско државјанство, се наведува во реакцијата на бугарското МНР.

Според Министерството, „предмет на сериозна анализа“ е фактот што не се преброени 7,2% од граѓаните во земјава, за кои податоците се обезбедени преку соодветни бази на податоци „без да може да се утврди нивната етничка или верска припадност“.

Софија забележува и дека нема информации колкав е бројот на државјани на земјава со бугарско национално чувство кои се попишани меѓу нерезидентното население.

– Со особено внимание ги имаме предвид сомнежите искажани околу транспарентноста и кредибилитетот на процесот наведени од организациите на Бугарите во Северна Македонија, како за време на пописот, така и при објавувањето на резултатите. Очекуваме нивниот глас да го слушнат и властите во Северна Македонија, соопшти бугарското МНР.

Министерството посочува и дека Бугарија во повеќе наврати истакна дека од огромно значење е создавањето услови за слободно самоидентификување на граѓаните со бугарско национално чувство во земјава и гарантирање на нивните права.

Според податоците од Пописот објавени во средата, како Бугари се изјасниле 3.504 лица, што претставува минорни 0,19% од резидентното население.

реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Македонија

Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Read more

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Read more
 

Вести

Фрагментирана интроспекција – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Читај повеќе
  • filter

Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Читај повеќе

Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај на официјалното затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија

Читај повеќе

Вучиќ за гласањето на Резолуцијата за Сребреница: Ќе има разочарувачки вести за ставовите на некои земји за кои не очекувавме да ни забијат нож во грб

Читај повеќе

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Читај повеќе

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Читај повеќе

Палевски спроведен во Кривичниот суд: Негира вина

Читај повеќе

Мајска сесија – Дојди да се преслушаме: На УКИМ голем концерт по повод Денот на Европа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Читај повеќе