Цените на нафтата паднаа седма недела по ред

На светските пазари цените на нафтата паднаа и минатата недела, седма по ред, бидејќи поради слабоста на економиите можен е натамошен пад на побарувачката на „црното злато“.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 3,9 отсто, на 75,84 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 3,8 отсто, на 71,22 долари.

Пад на цените седум последователни недели не е забележан од 2018 година.

Во четвртокот, цените на нафтата на двата пазари паднаа на најниско ниво од крајот на јуни, но скокнаа за повеќе од 2 отсто во петокот, намалувајќи ги неделните загуби.

ОПЕК одлучи да го намали производството

Неодамна, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници одлучија да го намалат производството во првиот квартал од следната година за приближно 700.000 барели дневно.

Но, тоа не ги поддржа цените на нафтата, бидејќи компаниите во САД произведуваат рекордни количини барели, а увозот на кинеската нафта опаѓа, што значи дека понудата е обилна, вели Тамас Варга од PVM.

А таквиот однос меѓу понудата и побарувачката би можел да продолжи, имајќи предвид дека растот на најголемите светски економии е забавен, додека земјите кои не се членки на ОПЕК го зголемуваат производството на нафта.

Затоа, Варга смета дека поскапувањето во петокот е „обична корекција“, по остриот пад од претходните денови.

Ќе стагнираат економиите?

Цените во моментов се поддржани само од верувањето на трговците дека централните банки на западните земји го завршија циклусот на зголемување на каматните стапки, со оглед на тоа што инфлацијата се намалува.

Но, економиите најверојатно ќе стагнираат или ослабуваат во наредните месеци, а ќе поминат месеци пред централните банки да почнат да ги намалуваат каматните стапки и на тој начин да го стимулираат економското закрепнување.

Поради ова, цените на нафтата годинава се на пат на загуби. На лондонскиот пазар цената на барелот моментално е во минус во однос на почетокот на годината за околу 11,7 отсто, а на американскиот пазар за околу 11,3 отсто.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе