Charlie Hebdo повторно ги објави карикатурите на Мухамед поради кои беше мета на џихадистите

Charlie Hebdo повторно ги објавува карикатурите на Мухамед кои го направија мета на џихадистите.

„Никогаш нема да легнеме. Никогаш нема да се предадеме“, објаснува Рис Сорисо, директорот на сатиричниот неделник, во пресрет на отворањето на судењето за терористичкиот напад врз редакцијата на весникот што се случи на 7 јануари 2015 година и во која загинаа 12 членови на редакцијата.

Овие дванаесет цртежи, првично објавени од данскиот дневен весник Jyllands-Posten на 30 септември 2005 година, а потоа од Charlie Hebdo во 2006 година, покажаа како пророкот носи бомба наместо турбан, или како лик вооружен со нож, придружуван од две жени прекриени во црно.

Покрај овие дански карикатури, на насловната страница на следниот Шарли Ебдо, под наслов „Tout ça pour ça“ (Сето ова за ова), има и карикатура на пророкот потпишана од неговиот карикатурист Кабу, убиен во нападот на 7 јануари 2015 година.

– Честопати од јануари 2015 година ни беше побарано да изработиме други карикатури на Мухамед. Ние секогаш одбивавме да го сториме тоа, не затоа што тоа е забрането, законот ни го дозволува тоа, туку затоа што имаше потреба од добра причина да се стори тоа, причина што има значење и што носи нешто во дебата“, објасни редакцијата, во напис објавен во истиот број.

– Да се репродуцираат оваа недела, ден пред отворањето на судењето за нападите во јануари 2015 година, овие карикатури сега ни изгледаат од суштинско значење“, додава редакцијата на Charlie Hebdo.

Утре во Франција започнува специјалното судење на соучесниците во атентатите од јануари 2015 во Франција, кое ќе трае четири месеци и во кое има 200 граѓански странки, 80 адвокати, од кои 40-ина за одбраната и 14 обвинети. Судот заседава со 5 професионални судии, два заменици и тројца записничари.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more
 

Вести

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе