Тренерот на Ал-Сад, Чави, проговори за ситуацијата со договорот на напаѓачот Лионел Меси.
– Постојат одредени услови на пазарот и треба да почекаме да видиме како сето тоа ќе заврши. Колку што разбрав, Лео комуницира со Барселона и претседателот на клубот. Му посакувам сè најдобро. Како негов пријател и како навивач на Барселона, се надевам дека тој ќе продолжи да игра за клубот. Ако требаше да се обложам, ќе ја изберев опцијата дека Меси останува, иако во фудбалот сè може да се случи. На Лео му е потребна Барса, а на Барса ѝ треба Лео. Тој е среќен таму, го помина целиот свој живот таму, истакна Чави.
Од вчера Меси е слободен агент, а во периодов е со репрезентацијата на Аргентина на Купот на Америка.