Четири работи кои веројатно не ги перете доволно често

Постои облека која веројатно ја переме премногу често, како на пример фармерките. Од друга страна, постојат и парчиња облека кои поретко ги ставаме во машината за перење.

Кои работи луѓето не ги перат доволно често?

Градник

Секоја жена има омилен градник, удобен и кој совршено стои со секоја облека. Затоа не е чудно што многу дами носат ист градник повеќе дена по ред и понекогаш го перат по носење дури и по неколку седмици.

Но, експертите препорачуваат да ги менувате градниците на секои два до три дена, а понекогаш и секој ден, особено ако многу се потите.

Градникот треба да го перете често како и другата долна облека. Сите изумрени клетки од кожата, потта и течностите се совршена средина за размножување на бактерии. Во градникот можат да се заробат и мириси и дамки кои не можат да се отстранат ни со перење.

Пижами

Удобните пижами или маички со кои спиете од ноќ во ноќ всушност се повалкани отколку што изгледаат. Иако ова е облека која не се носи надвор, во суштина треба почесто да ја перете. Во пижами минуваме најмалку седум часа секоја ноќ, се потиме и ткаенината впива мртви клетки и маснотија од нашето тело.

Пижамите треба да ги перете од прилика по две до четири ноќи. Ако се потите, почесто треба да ги перете.

Перници

Кога последен пат сте ги переле перниците? Експертите препорачуваат перење барем една до двапати годишно, ако можете и на секои три месеци.

Костим за капење

Често ги занемаруваме, но многу е важно ова парче облека да го исперете во машина по капење. На него се акумулираат бактерии, но и хлор и солена вода што може да го оштети материјалот. Затоа се препорачува да имате по неколку пара костими за капење.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе