Кошаркарите на Чикаго Булс го победија Торонто Репторс со 109:105 во плеј-ин натпреварот и ќе играат против Мајами Хит за осмото место во плеј-офот од најсилната кошаркарска лига во светот.

Чикаго победи на неверојатен начин со оглед на тоа што имаше негатива во текот на целиот натпревар, а во третата четвртина таа негатива во еден момент изнесуваше дури 19 разлика (66:47). Торонто на крајот од четвртината водеше со 81:72, а потоа Булс одиграа одлична серија.
На крајот успеаја да направат голем пресврт и да победат, предводени од Зек ЛеВин, кој постигна 39 поени, додека кај Торонто најефикасни беа Камерунецот Паскал Сјакам со 32 поена и Фред ВанВлит кој постигна 26.
Во вториот натпревар кој се одигра нокеска Оклахома Сити Тандер го победи Њу Орлеанс Пеликанс со 123:118, а до победата ги предводеше Шеј Гилџс-Александер, кој постигна 32 поена.
Ефикасен беше и Австралиецот Џош Гиди кој постигна дабл-дабл со 31 поен и 10 аисстенции и за еден скок не прослави трипл-дабл, а кај поразениот тим најмногу поени постигна Брендон Инграм (30).
Последни плеј-ин натпревари (петок кон сабота):
Мајами Хит - Чикаго Булс 1:30 ч.
Минесота Тумбервулвс - Оклахома Сити Тандер 3:30 ч.