Член на Вагнер се вратил од бојното поле и сфатил дека е прогласен за мртов, го посетил својот гроб

Макфакс
/ 26.10.2023 / 13:39

Поранешен борец на приватната воена компанија Вагнер, кој по грешка бил прогласен за убиен во акција додека се борел во Украина, го посетил сопствениот гроб дома во Русија, бидејќи неговото семејство добивало пари за неговата „смрт“. 44-годишниот Сергеј К., поранешен затвореник од Бурјатија, една од руските републики што се граничи со Монголија, бил регрутиран во редовите на платеници и бил ранет на фронтот во Украина во април, пишува рускиот медиум МК.ру.

Вагнер регрутирал десетици илјади поранешни затвореници дури и кога беше предводен од покојниот шеф Јевгениј Пригожин. Тој одигра важна улога во регрутирањето борци за руските операции во Украина, нудејќи им на машките затвореници намалени казни и парични стимулации во замена за 6 месеци воена служба.

Минатиот декември, Владимир Осечкин, руски активист за човекови права кој интервјуираше поранешни вагнерци, изјави за Newsweek дека дури 30.000 затвореници биле регрутирани од затворите и распоредени во Украина. Во врска со овој случај, МК.ру наведува дека додека Сергеј бил на лекување во болница, неговото семејство било погрешно информирано дека тој е убиен во украинската област Луганск.

Во неговиот дом бил донесен ковчег, а на неговото семејство му било дадено посмртен лист. Адвокатот на Сергеј, Андреј Кибирев, тврди дека борецот на Вагнер не контактирал со своите роднини додека бил во болница, со објаснување дека не сакал да ги „налути“. Во јули тој се јавил на една од неговите сестри, која „западнала во состојба на шок“, рече Кибирев.

Сестрата наводно му рекла на Сергеј дека го „закопале“ пред 40 дена. На неговото семејство му биле исплатени и речиси 6 милиони рубли (околу 61.000 евра) како компензација за неговата „смрт“. Адвокатот рече дека Сергеј „се обидува да ја третира ситуацијата со хумор“. „Неодамна го посети неговиот гроб, вели не очекувал толку добро да биде погребан“, додаде Кибирев.

На 19 октомври, потврдата за смртта на Сергеј беше поништена откако Окружниот суд во Република Бурјатија разговараше со неговото семејство и утврди дека неговите отпечатоци се совпаѓаат со оние што се зачувани во владината база на податоци.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе