Чулев: 5.397 лица го прекршиле полицискиот час викендов, најмногу во Скопје

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Статистичките податоци покажуваат дека МВР во изминатите неколку денови полициските службеници беа на ниво на нивната задача затоа што здравјето на граѓаните е најважно.

Викендот МВР беше вклучено во преземање мерки со цел утврдување дали ќе се почитуваат полицискиот час, личната заштита – маските, обезбедувањето на државните карантини и контрола во угоститилските објекти заедно со Државниот инспекторат, информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција

Од четвртокот од 21 часот до денеска, на територијата на целата држава, МВР регистрирала вкупно 5.397 прекршувања на полицискиот час, а најголем дел – 340 - се на територијата на СВР Скопје.

За непочитување на уредбата за носење лична заштитна опрема констатирани се 1.777 непочитување и тоа, како што рече Чулев, најмногу во СВР Струмица, каде има 417 непочитувања и на територијата на СВР Охрид 356. Вкупно досега за неносење заштитна лична опрема има 8.188 непочитувања.

Изминатиот викенд во соработка со Државниот инспекторат извршени се 1.543 контроли во угоститлески објекти  и регистрирани 22 непочитувања, од кои 18 на територија на СВР Охрид и четири на СВР Струмица.

Според Чулев, издадени се 1.648 решенија за изолација и 584 за самоизолација. МВР извршило 8.701 контрола на самоизолација и изолација.

Министерот Чулев апелираше сите да се воздражат од неосновани напади кои и нанесуваат штета на полицијата.

– Свесен сум за револтот на граѓаните за ограничување на движењето, но целта е заштита на здравјето на граѓаните, а одлуките се носат на предлог од Комисијата за заразни болести, а МВР имаат задача и обврска да го контролираат нивното спроведување, рече Чулев.

Во однос на обвинувањата од страна на власта до него, како што рече, работите се јасни од првиот ден како министер за внатрешни работи.

– Мојот став е дека МВР треба да функционира професионално, неселективно и законито. Во суштина во изминатиот прериод тоа се покажа во пракса. Грешки и пропусти сигурно има и тие се дел од работењето, рече меѓу другото Чулев.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Хроника

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе