Ципрас му се заблагодарил на папата Франциск за споменувањето на Договорот од Преспа

Атина, 6 декември 2021 (МИА) – Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, му се заблагодарил на папата Франциск за споменувањето на Договорот од Преспа за време на говорот во Претседателската палата во Атина кога ја изрази неговата почит „за тешкиот пат што доведе до Договорот од Преспа, потпишан меѓу Грција и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас утрово се сретна со папата во Амбасадата на Ватикан во Атина, а по средбата  според она што го објави на социјалните мрежи, разговарале за мигрантското прашање, за пандемијата, но и за Договорот од Преспа.

-Му се заблагодарив за неговото споменување на Договорот од Преспа. Ако можевме да придонесеме за мирен соживот и борбата против национализмот што ги дели народите и предизвикува војни и конфликти, бевме на вистинската страна на историјата, напиша Ципрас на Фејсбук.

Паралелно, му се заблагодарил и за неговата „сурова искреност во неговите говори и за непоколебливата одбрана на човековите права и социјалната правда“.

-Имав можност да разговарам со него за лицемерието на владите на ЕУ кон човечката драма на бегалците и мигрантите, каде што зборуваат за човековите во време додека градат огради и отфрлаат каква било легална миграциска рута. Но и за проширувањето на нееднаквостите, сиромаштијата и социјалната исклученост во целиот свет, за алчноста на развиениот свет кон третиот свет, со одбивањето да се укине патентот за вакцините што ќе овозможи масовна вакцинација на стотици милиони граѓани, истакна Ципрас.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе