Цитати за љубовта од познати писатели и филозофи

Љубовта отсекогаш била инспирација не само за писателите и филозофите, туку и за останатите луѓе. Ако погледнете различни уметнички дела низ вековите ќе забележите дека се менувале стиловите и начините на сликање, но љубовта останала вечна инспирација за сите луѓе.

Кога станува збор за книжевноста, скоро секој писател или поет ѝ посветил мал дел во своите дела. Не станува збор само за романтичната книжевност, туку и за другите жанрови.

Одвоивме некои од најубавите цитати за љубовта напишани или кажани досега:

1 .„Љубовта е активна грижа за животот и развојот на личностите коишто ги сакаме“. – Ерик Фром

2 .„Сите ние сме резултат од љубов и занес“. – Бајрон

3 .„Кога на една љубов ѝ доаѓа крајот, слабите кукаат, енергичните веднаш наоѓаат нова љубов, а паметните веќе одамна ја имале во резерва“. – Оскар Вајлд.

4. „Љубовта и кашлицата не можат да се сокријат“. – Џорџ Херберт

5. „Кукавицата е неспособна да почувствува љубов, тоа е особина на храбрите“. – Махатма Ганди

6. „Љубовта е составена од една душа којашто живее во две тела“. – Аристотел

7 .„Да сакаш некого значи да се согласиш да остариш со  него“. – Албер Ками

8. „На цветот му треба сонце за да стане цвет, на човекот му треба љубов за да стане човек“. – Фил Босманс

9. „Кој во љубовта очекува само среќа, тој нема поим за љубовта“. – Перл Бак

10. „Најмногу се лаже во љубов, лов и предизборна кампања“. – Винстон Черчил

11 .„Постојат луѓе кои ќе ви го извадат срцето и постојат луѓе кои ќе ви го вратат на место“. – Елизабет Давид

12 .„Мислам дека главната причина за моите неуспешни бракови е тоа што секогаш предобро сакав, но никогаш мудро“. – Ава Гарднер

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе