CNN: Абрамович преговорал со Путин за ослободување на Навални неколку часа пред да почине

Макфакс
/ 10.03.2024 / 12:15

Разговорите за размена на затвореници во повеќе земји, што вклучуваше можно ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, беа во тек кога тој почина во затвор минатиот месец, изјавија повеќе извори за CNN, додавајќи дека рускиот олигарх Роман Абрамович бил директно вклучен во преговорите.

Изворите истакнаа дека двегодишните преговори за ослободување на Навални почнале забрзано да напредуваат кога Абрамович ја посетил Москва во последните месеци.

Предлогот сè уште беше во неформална фаза и се чини дека договорот за ослободување на Навални не бил неизбежен, велат изворите.

Во почетокот на преговорите за ослободување на Навални учествуваше и поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, соопштија повеќе извори.

Абрамович, кој е санкциониран од Западот и поголемиот дел од своето време го поминува во Обединетите Арапски Емирати, се сретнал со Хилари Клинтон кога биле формирани идеи за сложена размена во која би биле вклучени дури седум лица, вели добро информиран извор.

Абрамович одржуваше врски со Кремљ од почетокот на руската инвазија на Украина и беше клучен во раните напори да се преговара за крај на конфликтот.

Независните руски медиуми објавија дека Абрамович се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин неколку часа пред затворските власти да објават дека Навални починал во казнена колонија во Сибир на 16 февруари.

Соработничката на Навални, Марија Певчик, набргу по неговата смрт изјави дека Абрамович се приклучил на преговорите и дека тој „испорачал предлог за размена на Навални“ до Кремљ.

Певчик изјави дека Абрамовиќ дејствувал како „неформален преговарач во комуникацијата со американските и европските претставници“.

На 27 февруари, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да одговори на прашањата на новинарите за вмешаноста на Абрамович во преговорите за размена на Навални.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе