Црвенилото ќе исчезне: Што да направите ако изгорите на сонце?

Летното сонце лесно може да ве измами. За да спречите непотребни непријатности предизвикани со претерано изложување на сонце, престојувајте во сенка, носете удобна ленена облека и заштитете ги очите.

Во случај да изгорите на сонце, овие намирници можат да ви помогнат:

Чај од камилица

Чајот од камилица и оладени вреќички чај можат да ја смират кожата. Ставањето облози од чај може да ги намали воспалението и болката.

Алое вера

Најпопуларно средство за ладење на кожата е гелот од алое вера.  Ставете ја билката во фрижидер пред употреба. Гелот може да го измешате со чист витамин Е бидејќи ја смирува кожата и го забрзува процесот на оздравување.

Кокосово масло

На кожата дава хранливи масни киселини кои ја прават понежна. Исто така, ублажува изгореници и го намалува чувството на врелина.

Лаванда

Лавандата е совршена за третман за изгореници. Не само што ја намалува болката, туку е и антисептик и спречува создавање на лузни. Направете спреј од 20 капки есенцијално масло од лаванда, половина литар филтрирана вода и две лажици алое вера (сок или билка). Чувајте го спрејот во фрижидер, пред секоја употреба добро измешајте.

Краставици

Една оладена краставица блендирајте ја додека не добиете густа каша. Смесата нанесете ја рамномерно на кожата. Помага и ако едноставно ја исечете на кругови и ги ставите на кожата.

Ладно кисело млеко или јогурт

Облози од кисело млеко или јогурт помагаат при намалување на топлината на телото, создава слој од протеини, а тоа помага во процесот на оздравување. Маснотиите во млекото и јогуртот помагаат во задржување на влагата.

Алкохолен оцет

Оцетот содржи киселина која ги намалува чешањето, воспаленијата и болката. Наполнете шише со распрскувач и нанесете на воспалените подрачја. Оцетот може да го разблажите со студена вода.

Сода бикарбона

Ја нормализира киселоста на воспалената кожа, па ќе се чувствувате попријатно.

Тагови
реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Се запали Boeing 737 полн со патници

Read more

Здравје

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе