Curiosity откри траги од езерски бранови на Марс

Роверот Curiosity на Марс пронајде карпи кои се брановидни, односно издлабени од бранови; што укажува дека некогаш тука имало древно езеро. Роверот на НАСА неодамна испрати неверојатни фотографии од површината на карпите издлабени од брановите на плитко езеро пред милијарди години.

„Ова е најдобриот доказ за вода и бранови што сме ги виделе во текот на целата мисија“, изјави вчера Ашвин Васавада од лабораторијата за млазен погон на НАСА, пренесе AFP. Curiosity претходно пронашол остатоци од солени минерали кои укажуваат дека делови од оваа планета во минатото биле покриени со езера. Сепак, научниците сè уште беа изненадени кога пронајдоа таков јасен доказ за поранешното постоење на вода во кратерот Гејл.

„За време на мисијата се искачивме на многу езерски наслаги, но никогаш вака јасно не сме виделе траги од брановите. Особено е интересно што ова е област која веројатно е формирана во време кога Марс станувал сè посув“, рече Васавада.

Curiosity ја истражува основата на планината висока пет километри позната како Шарп. Таму забележал и остатоци во долината која била однесена од влажните лизгања на земјиштето од планината.

„Остатоците од свлечиштето се веројатно најновиот доказ за вода што некогаш ќе го видиме“, смета Васавада.

НАСА пишува дека планината Шарп покажува еден вид „временска линија“, каде најстарите слоеви се на дното, а најмладите на врвот. Ова им овозможува на научниците да проучат како Марс еволуирал од планета која била повеќе слична на Земјата во своето далечно минато, со потопла клима и изобилство вода, до ледената пустина каква што е денес“.

Remote video URL
реклама

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе