Д-р Кунгуловски објаснува како се појавил новиот „британски сој“ на коронавирус

Александра Спасеска
/ 24.12.2020 / 13:24

Во Велика Британија е откриен нов сој на коронавирус, кој може да биде за 70% позаразен и брзо да се шири, иако не се смета за поубиствен или опасен за развој на потешка форма на болеста COVID-19.

Д-р Горан Кунгуловски дава објаснување за новиот „британски сој“ на коронавирусот, во објава на неговиот профил на Facebook.

Д-р Кунгуловски е биоинженер кој работи во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина, како дел од клиниката „Жан Митрев“ и компанијата „Биоинженеринг ДОО“. Тој е еден од основачите на Наука за сите, каде повремено пишува и аргументирани мислења.

Неговото објаснување ви го пренесуваме во целост:

Бидејќи еволуцијата на секој вирус е дел од неговата природна делба, научниците постојано ги следат неговите варијации и потсоеви. Подолу на сликите се дадени мутации и lineages на вирусот SARS-CoV-2 коишто се моментално приоритетни и се наоѓаат под интензивен мониторинг.

Помеѓу нив е и таканаречениот „британски сој“ VUI – 202012/01. Што е интересно за него?

Тој се разликува за 29 нуклеотидни промени (промени во буквите на РНК) од Вуханскиот сој и има висока фракција (број) на мутации во Spike генот којашто е повисока од таа претпоставена со типичниот еволуциски молекуларен часовник на вирусот (2 промени по геном по месец). Оваа комбинација на мутации најверојатно не е последица на градациско акумулирање на мутации една по друга (освен за некои од нив) и добивање на ваков уникатен сој, односно индицира формирање поради некаков еволутивен притисок.

Има неколку објаснувања за како се случил овој сој:

1. Пролонгирана SARS-CoV-2 инфекција кај лице што е имунокомпромитирано. Кај тоа лице теоретски имало долготрајна (но недоволно силна) борба на имуниот систем со вирусот. Ваквата долга и постојана борба на слабиот имун систем кај таа особа на некој начин и вршела на еволутивен притисок (убивала вируси, ама недоволно брзо) и истото овозможило формирање на таканаречени escape мутации што водат до побрза делба на вирусот и зголемена трансмисија.

2. Друго објаснување е дека вирусот се јавил кај некои восприемчиво животни и се пренело повторно до човекот. Ова е поимливо и е репортирано во Данска кај визони (minks).

3. Исто така возможно е дека овој сој се јавил со постепена акумулација на мутации во Земји кадешто не се секвенционираат изолатите со вируси и поради тоа не се знаело досега за него. Ама тоа па не го објаснува високиот број на мутации во spike протеинот.

Треба претпазлив и интензивен мониторинг на нови мутации кај SARS-CoV-2, посебно тие во spike протеинот, односно таргетот за некои вакцините.

Сега за сега нема докази дека тековниот влијаат на нивната ефикасност. Но ако има потреба, истите ќе се ре-адаптираат.

На прашањето дали во Македонија досега е „уловена“ новата мутација, д-р Кунгуловски одговори дека „за да се утврди такво нешто со доволна статистичка значајност, треба барем 5% од сите позитивни примероци да се секвенционираат. Кај нас не е тоа случајот.“

 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе