Д-р Кунгуловски: Ова се најновите информации за британскиот сој

Д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“, преку социјалните медиуми информираше за најновите сознанија за британскиот сој на коронавирусот.

Информациите што ги сподели тој ви ги пренесуваме во целост:

1. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот полесно се пренесува за најверојатно 50-70%, односно ако требало да се заразат 1.000 луѓе, ќе се заразат 1500-1700. Значајно.

2. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот најверојатно води до поголема смртност, барем за 35% во споредба со небритански соеви.

3. Ако има зголемена преносливост (да речеме 50%) и зголемена смртност (да речеме 35%) наместо да се заразат 1.000, ќе се заразат 1.500 и наместо да починат 10, ќе починат 20.

4. Тековните вакцини се доволно ефективни кон британскиот сој.

Кунгуловски порачува дека пандемијата е „далеку од завршена“ и дека „единствениот спас е глобалната вакцинација, што побрзо толку подобро“.

„Дотогаш, следете мерки, носете маски, не престојувајте во непроветрени простории, не престојувајте во затворени простории подолго време, бидете разумни, не мислете само на себе туку мислете и на останатите околу вас. Паниката не користи никому, додека пак разумна претпазливост и мониторинг користат секому“, апелира Кунгуловски.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе