Д-р Кунгуловски: Вакцинирајте се со првата вакцина што ќе стане достапна

Д-р Горан Кунгуловски е биоинженер кој работи во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина, како дел од клиниката „Жан Митрев“ и компанијата „Биоинженеринг ДОО“. Тој е еден од основачите на Наука за сите, каде повремено пишува и аргументирани мислења.

Во неговиот најнов пост поврзан со пандемијата на COVID-19, насловен „Дали да се вакцинираме со вакцината на Astra Zeneca?“ тој одговара кратко и јасно „да“, а потоа образложува и зошто, на крај упатувајќи апел до граѓаните да се вакцинираат.

„Вакцината на Astra Zeneca е базирана на аденовирусен вектор од шимпанзо којшто го носи генот што кодира за spike протеинот на SARS-CoV-2 и со тоа го намамува имуниот систем да формира одговор. Овој имун одговор понатаму треба да штити од тешки форми на COVID-19. Вакцината тоа го прави со ефикасност меѓу 70-80%“, објаснува Кунгуловски.

Потоа се осврнува на една од најголемите причини за загриженост за користење на оваа вакцина, а тоа зголемениот ризик за формирање на тромбови, како несакан ефект.

„Во извештајот на Европската агенција за лекови стои дека од вакцинирани 11 милиони луѓе, 469 имале тромбоемболичен настан. Тоа е стотици пати помалку отколку што се очекува на 11 милиони луѓе во општата популација. Значи застапеноста на тромбоза е помала кај вакцинирани луѓе со вакцината на AstraZeneca отколку кај невакцинирани. Значи вакцината не го зголемува ризикот за тромбоемболија“, нагласува тој.

„Но, од 20 милиони вакцинирани кај 7 имало ретки тромбови на повеќе крвни садови (disseminated intravascular coagulation - DIC) и кај 18 имало ретки тромбови во крвните садови коишто носат крв надвор од мозокот (cerebral venous sinus thrombosis - CVST) и тоа најчесто кај помлади од 55 години и најчесто кај жени. Toa e за неколку пати повеќе отколку што е очекувано во општата популација. Дали појавата на овие ретки тромбови е директно предизвикана од вакцината или поради зголемен скрининг и детекција после вакцинирање останува да се утврди“, транспарентен е Кунгуловски.

Понатаму тој објаснува дека „во најцрно сценарио ризикот за DIC е 7 во 20.000.000, a ризикот за CVST e 18 oд 20.000.000“, додека „ризикот за смрт од КОВИД е во просек e 100.000-200.000 oд 20.000.000“.

„Или со бројки, веројатноста за смрт од КОВИД при зараза со SARS-CoV-2 е 5.000-10.000 поголема отколку веројатноста за редок тромб при вакцинирање против COVID-19“, објаснува д-р Кунгуловски, додавајќи дека ефикасноста на вакцината во превенцијата на хоспитализација и смрт силно го надминува екстремно нискиот ризик за развивање DIC или CVST.

За крај, Кунгуловски порачува:

„Вакцинирајте се со првата вакцина што ќе стане достапна“.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе